HomeДЕНЕШНАСветДете загина на највисоката водена лизгалка во светот

Дете загина на највисоката водена лизгалка во светот

10 годишниот Кејлеб Томас Шваб почина од фатална повреда на вратот откако се спуштал на водената лизгалка висока 50 метри во водениот парк Шлитербан во Канзас Сити. Детето се спуштило по лизгалката со уште три жени, а откако било забележано неподвижното тело биле повикани спасувачи, но тие не можеле ништо да сторат.

Водениот парк е затворен и се води истрага дали вработените ги презеле сите мерки на претпазливост со оглед на тоа што во рафтот биле сместени дури четири лица што можеби допринело до фаталната несреќа. Кејлеб е инаку син на Скот Шваб, пратеник во законодавниот дом на Канзас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com