HomeАНТИСТРЕСШтосноДесет интересни факти за богот на утрото – незаменливото кафе

Десет интересни факти за богот на утрото – незаменливото кафе

Утрото не би било вистинско утро доколку не го започнете со еден филџан кафе.. Топло или ладно, турско или нес, кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. А еве ги и најинтересните факти поврзани со него:

1.Секој ден во светот се консумираат околу 1,7 милијарди шолји кафе. Од нив, скоро 35% им припаѓаат на Американците.

2.Луиџи Безера е првиот изумител на машината за еспресо во 1901 година во Италија. Тој бил во потрага по машина која ќе подготвува кафе за многу кратко време, за да ги спречи вработените да си земаат долги паузи за кафе. Денес, во Италија постојат повеќе од 200.000 еспресо барови.

3.Околу 65% од кафето се консумира со појадок.

4.Јохан Себастијан Бах во 1732 година има напишано сатирична кантата за зависноста од кафе.

5.Кафето, веднаш после нафтата  е една од најтргуваните производи во светот.

6.Првата реклама за кафе во весник се појавила во 1790 година во САД.

7.Во 1700-та година, зависноста од кафе се сметала за социјален проблем.

8.Доколку купите машина за еспресо за 200 долари и секој ден продавате само по едно кафе, ќе дојдете на нула за 81.63 денови.

9.Помеѓу 200 и 300 чашки кафе се продаваат во просечен ден во еден drive-in.

10.Мажите велат дека кафето им помага да ја завршат работата, додека жените ги опушта.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com