HomeДЕНЕШНАСветДесет години од смртта на Стив Ирвин, „ловецот на крокодили“

Десет години од смртта на Стив Ирвин, „ловецот на крокодили“

Многубројни обожаватели на ликот и делото на Стив Ирвин едноставно не можат да поверуват дека поминаа десет години од смртта на омилениот „ловец на крокодили“. Познатиот светски конзервационист и човек кој со сите сили се бореше за заштита на животните почина на 4 септември 206 година.

Познат на милиони луѓе ширум светот по популарните емисии на „Animal Planet“ и „National geography“ за животните, Ирвин, пред десет години заедно со телевизиската екипа започна снимање на документарец за Големиот корален гребен.

Irvin-1

Камерманот Џастин Ланс, кој со Ирвин често снимаше, изјавил дека и двајцата биле многу возбудени поради снимањето на документарец. „Мислев дека тоа ќе биде одлична снимка, но одеднаш ражата го нападна. Имаше шест центиметри длабока рана и обилно крвареше“, се сеќава Лајонс.

„Мисли на своите деца Стив, Држи се!“, му зборувал Лајонс додека го враќале, но Ирвин само мирно рекол: „Умирам“. Тоа било последното нешто што го кажал пред смртта.

Irvin-2

Го донеле до истражувачкиот брод, но 44-годишниот Ирвин веќе бил мртов кога пристигнала брзата помош. Лајонс на неговата сопруга и испратил снимка која никогаш не беше емитувана во јавноста. Милиони луѓе ширум светот со големо изненадување и неверување ја примија веста за смртта на Австралијанецот, а телевизиите „Animal Planet“ и „National geography“ емитуваа серијали кои тој ги снимаше за нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com