HomeДЕНЕШНАСветДесет војници починале во бомбашки напад во Јемен

Десет војници починале во бомбашки напад во Јемен

Во напад на бомбаш-самоубиец кој се разнел во автомобил-бомба пред воениот пункт на силите лојални на претседателот Абду Рабу Мансуру Хадиу, починале 10, а биле повредени 18 војници. Во самоубиствен напад во јужен Јемен во провинцијата Абијан биле убиени 10 јеменски војници, соопштиле функционерите на таа земја. Во експлозијата биле повредени и 18 војници, а власта исто така истакна дека билансот од 10 починати не е конечен.

Силите лојални на претседателот Хадиу, на кои од март минатата година поддршка им пружа воената коалција на чело со Саудиска Арабија, води жестоки борби со бунтовниците кои го контролираат северниот дел на Јемен и џихадистите на југот од земјата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com