HomeРЕФЛЕКТОРФилмДеп тврди дека Амбер го мести и му била неверна

Деп тврди дека Амбер го мести и му била неверна

Репутацијата на славниот холивудски актер е доведена во прашање откако неговата сопруга, актерката Амбер Херд, го обвини дека физички ја нападнал и дека бил насилен под дејство на дрога и алкохол. Од таборот на Деп соопштуваат дека актерката ги лажирала сликите на кои и се гледаат модрици на лицето за да добие што е повисока оштета од разводот.

johnny-depp-divorce

Случајот на насилство претходно не бил пријавен во полиција. Исто така протече и информација дека Амбер можеби го изневерила Деп со нејзината пријателка Кара Дељавин која исто така започна актерска кариера. Лизи Роуз и Ванеса Паради, ќерката и екс сопругата на Деп тврдат дека тој е една внимателна и чуствителна личност која никогаш не била насилна.

Вообичаено во Холивуд секогаш при вакви скандали жените се ставени под сомнеж дека се измамнички и лукави, без посериозно да се изврши истрага за машкото насилство кое е доста често.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com