HomeДЕНЕШНАДенеска сончево и топло, но од утре…

Денеска сончево и топло, но од утре…

Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во вечерните часови ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com