HomeДЕНЕШНАДенеска променливо време, високи температури

Денеска променливо време, високи температури

Постојаниот танспорт на влага од запад кон нашето подрачје ќе услови нешто пооблачно утро во западниот и северниот дел од земјава. Попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност во западниот регион, особено во околината на планинскиот краj околу Шара, Бистра и околината на езерото Козјак. Можност за нестабилност има и за делови од Пелагонија и тоа во втората половина од попладнето.

Највисоката дневна температура низ котлините во северниот регион ќе има вредност во границите помеѓу 30°С и 33°С, а во југоисточниот крај околу 36°С. Поширокиот регион околу охридското и преспанското езеро очекуваат највисока температура околу 29°С, а во Дојран до 35°С.

Скопје очекува малку пооблачно утро, додека попладне постои мала веројатност за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Максималната ќе има вредност околу 30°С.

Метеопро

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com