HomeДЕНЕШНАДенеска пеколни температури…

Денеска пеколни температури…

Денеска температурен шок ја очекува Македонија. По вчерашното благо разладување на времето со слаби врнежи од дожд, метеоролозите за утре најавуваат пеколни температури. Живата на термометарот ќе скокне за минимум 10 степени и од денешните 24 ќе се искачи над 35-от степен.

Најтопло ќе биде за време на претстојниот продолжен викенд кога се очекува во Скопје да бидат измерени 40 степени.

Докторите алармираат, високите температури носат зголемена појава на сончаници, колапси и мозочни удари, на кои за жал не се имуни ниту младите луѓе. Затоа апелираат внимателно под сонцето, да се избегнува непотребно излегување во периодот од 11 до 17 часот и задолжително да се носи светла облека, капа и очила за сонце.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com