HomeДЕНЕШНАПолитикаДенеска истекува рокот за пријавување фантомски гласачи

Денеска истекува рокот за пријавување фантомски гласачи

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи. Според договорот во Пржино, останаа спорни уште 39.502 гласачи кои уште денеска имаат прилика да го докажат правото на глас на претстојните парламентарни избори.

„Фантомите“ можеа лично да се пријават до 19 часот, додека електронски опцијата е отворена до полноќ. Најмалку тројца од членовите на Комисијата ќе можат за одредени лица да покренат дополнителни проверки, кои би се одвивале лично или преку видео врска. Токму овој начин на проверка предизвика сомнеж кај дел од пратениците и кај дел од стручната јавност, кои сметаат дека видео-проверката остава простор за манипулација. ДИК негира ваквите тврдења.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com