HomeДЕНЕШНАПолитикаДемонстрантите да учествуваат во преговорите, Иванов итно оставка

Демонстрантите да учествуваат во преговорите, Иванов итно оставка

Демонстрантите од граѓанските движења пред Собранието на Република Македонија ги истакнаа своите барања со кои сакаат задолжително да бидат вклучени во новите преговори и можност за прифаќање на компромис, но протестите ќе продолжат без никакви попречувања. Се бара и итна оставка на претседателот Ѓорге Иванов и целосно повлекување на аболицијата за политичари и нивни.

Со тоа треба да се ослободи и работата на Специјалното јавно обвнителство со што ќе може да се процесуираат сите предмети кои се однесуваат на корупција и криминал. Новото барање е формирање и на специјално одделение во кривичниот суд кое ќе ги решава и постапува само по предметите поднесени од СЈО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com