HomeДЕНЕШНАПолитикаДемолирана канцеларијата на Иванов, полицијата насилно го исчисти „Рекорд“

Демолирана канцеларијата на Иванов, полицијата насилно го исчисти „Рекорд“

Откако протестот се дисперзираше на повеќе локации, народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов остана незаштитена, а тоа го искористија група на демонстранти кои влегоа и целосно ја демолираа.

На почетокотнемаше обезбедување кое би се обидело да ги растера демонстрантите, но специјалците брзо се регрупираа. Претходно се палеа слики со ликот на Иванов, а се уништи и целиот мебел и опрема од канцеларијата.

Демонстрантите продолжија околу зградата на Министерството за правда кое се наоѓа на истата улица, но таму имаше заштитен кордон од полиција и ги спречи во намерите да протестираат.

Крајниот епилог беше насилна интервенција на полицијата која мораше да го подигне нивото на однесување и со присила целосно ја расчисти улицата „Димитрија Чуповски“ употребувајќи штитови и палки, а демонстрантите мораа да се повлечат за да не добијат повреди

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com