HomeДЕНЕШНАПолитикаДемократски сојуз: Постигнатиот договор е само фрлање прашина во очите на јавноста

Демократски сојуз: Постигнатиот договор е само фрлање прашина во очите на јавноста

Демократскиот сојуз смета дека постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии за одржување на избори во декември е само фрлање прашина во очите на јавноста и тој не гарантира создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори.

„Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, потоа реформите во медиумите, формирање на судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирање на експертска Влада која ќе ги спроведе реформите и сл.

Исто така, од исклучителна важност за демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија, ниту пак се прочисти избирачкиот список.

Оттука, имајќи ги во вид сите овие отворени прашања, како и досегашното искуство, владејачките партии да ги блокираат реформите, сосема оправдани се сомнежите дека преку договорот ќе се дојде до кредибилни избори и дека истите ќе се одржат на 11ти Декември.

Граѓаните бараат изборите да се одржат побрзо и да се случат промени, како битен предуслов за излегување од политичката криза“, се вели во соопштението на партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com