HomeДЕНЕШНАПолитикаДемократски Сојуз: Буџетот коска за глодање на опозицијата

Демократски Сојуз: Буџетот коска за глодање на опозицијата

Партијата на Павле Трајанов реагираше на донесувањето буџет за идната година, пред парламентарните избори. Демократскиот сојуз смета дека носењето на Буџетот на Република Македонија во септември и во услови кога имаме преодна- техничка Влада, како и утврден датум на парламентарните избори (11.12.2016 година), претставува добро осмислена стратегија за блокада на изборните активности и насочување на расправата кон крајно популистички и клиентелистички буџет.

Власта очекува опозицијата, независните експерти, како и медиумите, да распалат против буџетот и буквално да упаднат во поставената стапица. Демек тие предлагаат развоен буџет, повеќе пари за капитални инвестиции, социјални трансфери, повисоки пензии и плати, а опозицијата се противи.

Затоа предлагаме да не се губи време во јалови расправи и трошење енергија на Предлог – Буџетот, туку да постигнеме цврст договор, дека по изборите ќе донесеме нов Буџет, согласно потребите на граѓаните, бизнисот и државата, без дополнителни задолжувања и градење на споменици, панорамски тркала, како и дека ќе спроведеме силна офанзива против организираниот криминал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com