HomeДЕНЕШНАРепубликаДемант на Вегера: лебот „Тонус“ нема лажна реклама

Демант на Вегера: лебот „Тонус“ нема лажна реклама

Displaying tonus1.jpg

Пред некое време се појави вест за лажно рекламирање на лебот Тонус кој се рекламира како лековит, а веста ја истражуваа српските медиуми. Компанијата Вегера која е увозник на овој леб во Македонија, испрати демант до нашата редакција. Демантот Ви го пренесуваме во целост.

Драги Наши Потрошувачи, Се надоврзуваме на текстот кој излезе во овој медиум на ден 08.04.2016 год. Имено, овој медиум се повика на прикaзна која не е актуелна скоро 6 месеци. Компанијата Тривит уште во Септември месец 2015 година ги усклади сите натписи на амбалажите на производите со меѓународните прописи, со законите во Република Србија и со законите на другите држави со кој соработува.

Во Септември 2015 година го преформулиравме текстот на амбалажата и во моментот стои: „Клинички испитано во рамките на Руската академија за медицински науки“, а порано стоеше: „По лиценца на Руската академија на науки“. Повеќе не го користиме зборот „лековит“, а наместо тоа ги имаме наведено нутритивните својства на Тонус лебот кои се навистина феноменални а тоа се:
• Големо количество влакна од природно потекло
• Природен извор на магнезиум
• Природен извор на протеини
• Природен извор на железо
• Природен извор на бакар
• Природен извор на Е витамин

Со ваков склоп на нутритивни својства неможе да се пофали било кој друг производ, а најмалку било кој друг леб. Освен неверојатните нутритивни вредности на Тонус лебот, компанијата Тривит може да се пофали и со исклучиво квалитетни суровини кои компанијата сама ги произведува и ги одгледува на сопствени ниви и контролиран процес на производство (од нива до трпеза).

Компанијата Тривит во Јули минатата година се појави и на македонскиот пазар во соработка со компанијата Вегера од Скопје, која е наш единствен званичен дистрибутер за производите на Тонус на територијата на Р.Македонија.
Во наредниот период најавуваме и проширување на асортиманот на производи, кои со сигурност ќе ги воодушеват нашите потрошувачи, а веруваме и дека ќе привлечат и нови приврзаници на Тонус производите.

Сопственик на Компанијата Тривит ДОО Србија
Др. Вера Шчепанович

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com