HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојче уценувано во Грчец со порнографски материјал од двајца браќа

Девојче уценувано во Грчец со порнографски материјал од двајца браќа

12 годишно девојче било под уцена од двајца браќа на возраст од 19 и 15 години од селото Грчец, а случајот е пријавен и го води единицата за економски и компјутерски криминал. Против браќата е поднесена кривична пријава бидејќи на Фејсбук на повеќе лица им покажувале порнографски содржини од девојчето кое е од Скопје.

Пријавениот малолетник кон крајот на јуни 2016 година на социјалната мрежа „Фејсбук”, остварил контакт и станал пријател со 12-годишно девојче од Скопје, со кое почнале да си разменуваат електронски пораки. По одреден временски период, истиот остварил и неколку физички контакти со девојчето при што во повеќе наврати барал од неа да се слика во компромитирачка положба и сликите со порнографска содржина да му ги прати во порака на неговиот Фејсбук профил. Откако на девојчето му испратил негови фотографии со порнографска содржина, малолетникот побарал од неа да сними порнографско видео на кое таа ќе врши полови дејства, при што истата тоа го направила и снименото видео му го испратила во електронска порака.
Во текот на кратката врска која пријавениот малолетник ја имал со девојчето во повеќе наврати по електронски пат си размениле фотографии и видеа со порнографска содржина, за да кон средината на август 2016 година, наеднаш ја прекине комуникацијата со девојчето и ѝсе закани дека целиот порнографски материјал снимен со неа ќе го препрати на нејзините пријатели.

На 16 овој месец малолетникот го испратил порнографскиот материјал на 11-годишна другарка на девојчето, а потоа целокупниот порнографски материјал му го покажал на неговиот брат С.М., кој пак ѝ испратил електронска порака со порнографска содржина на оштетеното девојче и ѝ се заканил дека јавно ќе го објави целокупниот порнографски материјал од неа доколку таа не оствари физичка средба со него.

По ова, девојчето  кажала на мајката за заканите, која случајот го пријавила во Полициска станица „Кисела Вода“, за што од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал, браќата од село Грчец се повикани во службените простории за да дадат појаснување во врска со пријавените кривично правните настани.

Од извршените проверки, во присуство и со дозвола на пријавените, полициските службеници од Единицата извршиле преглед на содржината на телефонските апарати, како и на електронската комуникација која пријавените ја воделе на социјалната мрежа „Фејсбук“, при што се откриени поголем број на фотографии и видео материјали со порнографска содржина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com