HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвојно убиство и самоубиство во Волково: Маж убил две жени, па сам си пресудил

Двојно убиство и самоубиство во Волково: Маж убил две жени, па сам си пресудил

Две жени и едно машко лице вечерва се пронајдени починати во скопско Волково. На телата на починатите забележани се рани од огнено оружје. Според првичните информации, се работи за двојно убиство и самоубиство.

Неофицијално, четириесет и петгодишен полицаец најпрво ги убил мајката и бабата на неговата љубовница, а потоа сам си пресудил. Случајот е пријавен во 19 часот и 40 минути. Екипи на МВР се уште се наоѓаат на местото на настанот и вршат увид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com