HomeДЕНЕШНАСкопјеДворовите во Стајковци повторно под вода

Дворовите во Стајковци повторно под вода

Месец дена по страотното невреме, жителите на Стајковци не само што не можат да се справат со старите штети, туку и мораат повторно да го преживуваат истото. Нивните дворови се под вода, а надлежните не ги враќаат пумпите во селото. Принудени се сами да ја вадат водата. Исто така, обвинуваат дека не земале авансна отштета и дека никој не доаѓа да помогне.

Жителите се револтирани бидејќи, секојдневно на телевизиите слушаат дека улиците се расчистени, проодни, оспособени за живот, а тоа е далеку од вистината. Ниту улиците, ниту нивните домови се оспособени за нормален живот. Дождот кои деновиве го зафати Скопје создава нови проблеми за жителите на попаените села и ги држи во постојан страв.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com