HomeДЕНЕШНАРепубликаДве цркви во тетовско мета на крадци

Две цркви во тетовско мета на крадци

Две цркви во тетовско-гостиварскиот крај биле ограбени од непознати сторители. Храмот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во Мала Речица бил насилно отворен и од црковната каса биле одземени парични прилози од околу 3.000 денари.

Овој храм, кој има карактер на манастирски комплекс, во конфликтната 2001 година на двапати беше опожаруван, а црквата и другите придружни објекти беа изгорени до темел. Со првичната обнова беше изградена нова црква, а во тек се и работи на другите објекти. По обновата ова е прв пат да се посегне по оваа црква.

Плен на непознати крадци била и црквата „Св. Варвара“ во горнореканското село Дуф – Мало Толјане. Непознати арамии овде не нашле големи парични средства, а направиле поголема материјална штета која се проценува на над 3.000 денари.

И во двата случаја полицијата извршила увид и е во потрага по непознатите сторители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com