HomeРЕФЛЕКТОРФилмДвејн Џонсон го искажа своето незадволство кон машките колеги од „Fast and furious“

Двејн Џонсон го искажа своето незадволство кон машките колеги од „Fast and furious“

Познатиот актер Двејн Џонсон, „The Rock“, тој на неговите повеќе од 62 милиони следбеници на социјалните мрежи го сподели незадоволството од однесувањето на машките колеги снимањето на новото продолжение на филмот „Fast and Furious 8“ , чија премиера се очекува во април 2017 година.

„Ова е мојата последна недела од снимањето на „Fast and Furious 8“. Не постои ниту една друга франшиза заради која крвта вака ми врие. Екипата напорно работеше. Студиото „Universal“ е одличен партнер и моите колешки секогаш се прекрасни и ги сакам. Но, моите машки колеги се целосно друга приказна. Некои се однесуваат како вистински мажи и професионалци, но други не. Оние кои тоа не го прават се преголеми кукавици да направат нешто по тоа прашање. Кога ќе го видите филмот и ви се причини дека во некои делови не глумам, туку навистина сум бесен ќе сте во право сте“ напиша Двејн.

Славниот актер заедно со овој краток есеј сподели и кратко видео со една од сцените од филмот. Иако не се споменуваат имиња, лесно е да се претпостави дека станува збор за некои од наведените актери: Вин Дизел, Џејсон Статам, Тајриз Гибсон, Лудакрис, Курт Расел и Скот Иствуд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com