HomeДЕНЕШНАСветДва бомбашки напади во Сирија: Најмалку 31 загинат

Два бомбашки напади во Сирија: Најмалку 31 загинат

Два бомбашки напади се случија денеска во сирискиот град Камишли, каде живее главно курдско население. Во нападите животот го загубија најмалку 31 лице, а 170 се повредени. Претходно сириската државна телевизија објави дека загинале 22 лица во експлозија на автомобил-бомба.

Целта на нападите бил објект на локалната курдска милиција и владина зграда, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, чие седиште се наоѓа во Лондон. Во градот, исто така, се распоредени и сириски воени сили, кои го контролираат локалниот аеродром.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава. Камишли е под контрола на курдски вооружени формации, кои се борат против ИД и се наоѓа во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com