HomeДЕНЕШНАСветДва бомбашки напади во Дамаск, осум жртви

Два бомбашки напади во Дамаск, осум жртви

Најмалку осум лица се починати, а околу 10 повредени во два самоубивствени нападу во преградието Дамаск, во кое се наоѓа најголемиот шиитски храм во Сирија. Одговорноста за овие напади ги презема Исламската држава. Агенцијата „СЕНА“ истакна дека бомбаш-самоубиец и автомобил-бомба експлодирале на влезот во храмот Саид Зеинаб, кој го почитуваат шиитите ширум светот.

Сириските медиуми не објавија други детали околу овие експлозии во оваа населба, каде од почетокот на оваа година припадниците на Исламската држава изведоа најмалку три напади. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, објави дека во овие експлозии вкупно починале девет лица, а околу 30 биле повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com