HomeДЕНЕШНАРепубликаДвајца косовски бизнисмени и четворица Италијанци жртви на несреќата во Кожле

Двајца косовски бизнисмени и четворица Италијанци жртви на несреќата во Кожле

Нема преживеани во авионската несреќа која вчера се случи во селото Кожле – потврди МВР. Според косовските портали се работи за двајца косовски бизнисмени Висар Бегај (на фотографијата) и неговиот брат Ф. Бегај. Останатите загинати се италијански државјани. Покрај браќата Бегај од Косово, во несреќата настрадале и пилотот Франческо Монтагниери, Дарио Бастасин, Лука Дале, како и италијанска државјанка со име Иларија. Неофицијално, косовските бизнисмени имале намера да отворат аероклуб на Косово по урнек на аероклубот во Тревизо од каде патувале кон Приштина.
visar begajСпоред медиумите од соседството, на приштинскиот аеродром нема гориво какво што е потребно за авионот Пајпер, познат модел на бизнис – авиони, па морал да слета во Скопје, а потоа да го продолжи летот. Синоќа беа пронајдени остатоци од авионот, а јавен обвинител треба денеска да изврши увид, бидејќи синоќа теренот беше тешко пристапен поради временските неприлики. Контролата на летање на скопскиот аеродром го пријавила исчезнувањето на авионот во МВР, вчера во 17.40 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com