HomeДЕНЕШНАРегионДачиќ: Босанските политичари стојат зад нападот на Вучиќ во Сребреница

Дачиќ: Босанските политичари стојат зад нападот на Вучиќ во Сребреница

Република Српска објави дека обвинителството ја суспендираше истрагата против Алимр Мердиќ од Јелах, еден од главните осомничени во нападот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, по комеморацијата на жртвите од Сребреница минатата година, има многу остри министри реакции од министрите на неговиот кабинет. Обвинителството не ја демантира или потврдува информацијата.

Министерот за надворешни работи, кој е и заменик-премиер на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека ова покажува дека „бошњачките политичари во БиХ сстојат зад овој напад”, додека министерот за труд, вработување, ветерани и социјални работи, Александар Вулин додаде дека тоа е „криење на наредбодавачите и ги отстранување на трагите”. „Босанските политичари за година дена, не само што не направија ништо за да се открие кои се напаѓачите и организаторите, туку тие направија се за да ги заштитат”, рече Дачиќ. И самиот Мердиќ, според Радио-телевизија на Република Српска, потврди дека истрагата против него е суспендирана.

За агенцијата Срна, Јавното обвинителство на БиХ, рече дека до понеделник тие не може да дадат информации во врска со случајот.

Александар Вулин вели дека се работи за класичен обид за убиство. „Обидот за убиство на Александар Вучиќ во Сребреница не беше случаен, ниту е спроведен без внимателно планирање, а уште помалку без политичка заднина и поддршка”, рече Вулин. Според него, „дури и повеќе е од срамна одлуката на обвинителството за чија навреда молчи и меѓународната заедница”.
aleksandar vicic merdic srebrenica
„Ако наместо премиерот Вучиќ беше нападнат некој друг од друга земји, ова не би се случило и меѓународната заедница немаше да биде мирна додека терористите не беа фатени и казнети”, рече Вулин. Тој исто така рече дека „правниот систем на БиХ со оваа одлука трајно и неповратно се засрами и испрати порака дека не е важно каков вид на дело е направено, туку против кого е направена”.

„Од жртвата зависи и казната и наградата во овој случај. Пред една година, Вучиќ им прости што се обидоа да го убијат. Една година подоцна, не можат да му простат нему што е жив”, изјави Вулин.

Босанските политичари велат дека нападите од српските колеги се несоодветни. Реагираше претставник во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Садик Ахметовиќ, велејќи дека изјавата на Дачиќ е „апсолутно несоодветна” и тоа не придонесува за стабилизација на односите во регионот.

„Изјавата на Ивица Дачиќ е несоодветна и е базирана врз основа на т.н. ’рекла-казалa’ муабети. „Александар Вучиќ во Поточари се нападна самиот “себе”, затоа што публиката реагираше и никој не може да ги контролира, а тоа е резултат на претходната изјава Вучиж за резолуцијата на ОН за Сребреница и апсењето на Насер Ориќ во Швајцарија“, рече Ахметовиќ за порталот Klix.ba. Тој смета дека сите во БиХ, но пред се политичарите и Обвинителството во БиХ, сакаат да откријат дали зад нападите врз Вучиќ стојат поединци.

„Не постои индикација дека некој го организирал нападот. Јас сум сигурен во тоа, бидејќи бев многу блиску до настанот. Народот најверојатно гневно реагираше на изјавата на Вучиќ, дадена непосредно пред прославата на геноцидот во Сребреница минатата година. Имаше неконтролиран и непланиран масовен одговор, но јас сум сигурен дека немаа намера да се загрози животот на српскиот премиер“, рече Ахметовиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com