HomeДЕНЕШНАСветДанска ќе купува дел од Панамските документи

Данска ќе купува дел од Панамските документи

Министерот за даноци на Данска Карстен Лаурицен изјави дека данските власти планираат да купат податоци од панамската правнафирма која им помагаше на своите клиенти да отворат офшор компании за да го избегнат плаќањето на данок. Лаурицен истакна дека данската даночна и царинска управа летово добила анонимна понуда да купи податоци одтаканаречените „Панамски документи“ кои би можеле да се однесуваат на околу 600 лица.

Се укажува дека станува збор за корисни информации, изјавил Лаурицен кој додал дека „државата тоа им го должи на даночните обврзници кои редовно ги плаќаат своите даноци“. Тој исто така додал ја имаат поддршката и од другите партии за купување на 200.000 документи кои беа објавени од страна на панамската правна фирма и истакнал дека тој материјал „содржи валидни информации за неколку стотици дански даночни обврзници“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com