HomeДЕНЕШНАЕкономијаДаноците ќе растат, стандардот ќе паѓа – Задолжувањето ќе удри по џебот на граѓаните

Даноците ќе растат, стандардот ќе паѓа – Задолжувањето ќе удри по џебот на граѓаните

Економските политики на Власта кои генерираат огромно задолжување ќе донесе зголемување на даноците и намалување на стандардот – оценуваат економистите за 24 Вести. Според нив новиот ребаланс на буџетот и новото задолжување може да удрат по џебот на граѓанинот. Вчера Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија, што според економистите дополнително ќе го отежни кредитирањето и раздолжувањето на земјата. Експертите велат дека презадолженоста на државата созадва огромен проблем за идните генерации.

„Никој нема да сака да ни позајми евтино, а можеби нема да сака ни да ни позајми, така да следат буџетски кратења на одредени веќе законски поставени права на групи на граѓани во Македонија и поголеми даноци за сите останати. Значи штетата е за сите.“ – вели универзитетскиот професор, Ванчо Узунов.

„Тоа е многу загружувачки за граѓаните на Македонија за сите државјани на оваа држава бидејќи на крајот на краиштата кога државата запаѓа во неликвидност мора да се менува даночната политика, мора граѓаните да го полнат тоа што е празно. И мислам дека граѓаните уште не се свесни за тоа и не се свесни дека сме во полоша ситуација од Грција пред неколку години.“ – вели економистот Зоран Витанов.

Помина неполн месец откако Владата со еврообврзница се задолжи за нови 450 милони евра и направи корекција на државната каса. Професорот Узунов смета дека не е потребно уште едно во низата задолжувања бидејќи пари за обесштета на поплавените има, но треба да се скрати од непродуктивните трошења.

„Не мора апсолутно да се прави преку задолжување, уште па со некои необјаснети најавени наводно евтини меѓународни кредити, такви не постојат. За земја на која и паѓа кредитниот рејтинг такви кредити не постојат или постојат но тоа се оние кредити кои владата ги одбива, а тоа се Светска банка и ММФ. Во моментов и оваа оцена што ја дава Фич не е реална, уште е понизок реалниот кредитен рејтинг на државата.

Тоа значи дека на нашата економија и оди многу лошо и тоа во контекст на ова најавено задолжување значи дека парите се бидат со голема камата, воопшто нема да бидат поволни кредити. Уште поголем аргумент да не се оди на задолжување за обесштетување.“ – вели Узунов.

Според новите буџетски проекции, дефицитот во апсолутен износ се зголемува за 31,5 милиони евра и ќе изнесува 375,9 милиони евра или 4% од БДП.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com