HomeДЕНЕШНАПолитикаДаневски екстрадиран во Македонија, две години затвор за Џумајлија

Даневски екстрадиран во Македонија, две години затвор за Џумајлија

По две години бегство во Бугарија, бизнисменот и Зоран Даневски вчера беше екстрадиран и префрлен во затворот во Штип. Даневски доби казна од две години затвор, затоа што носел одлуки и земал кредити без знаење и одобрение од собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.

Против Даневски се водат постапки и за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, како и за исчезнувањето на државните резерви за жито, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

И неговиот брат Слободан Даневски доби казна од три години затвор, исто така за злоупотреби во комбинатот Џумајлија, со кој раководеа двајцата браќа. Слободан Даневски беше градоначалник на Свети Николе, а Зоран Даневски директор на ветеринарната управа.

Претходно, додека се криеше од македонските власти, само неколку месеци откако се откри скандалот и криминалот кој го направил во Македонија, Зоран Даневски беше уапсен од бугарската полиција кај Банско. Таму беше осомничен за поседување фалсификувани лични документи поради што доби условна казна затвор од 15 месеци. Нашето Министерство за правда иницираше постапка за негова екстрадиција во Македонија до која не дојде, бидејќи бугарските власти не сакаа да го екстрадираат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com