HomeДЕНЕШНАСветДамаск го прифати руско-американскиот договор за примирје

Дамаск го прифати руско-американскиот договор за примирје

Сириската влада го одобри руско-американскиот договор за примирје кое би требало да стапи на сила во понеделник меѓу владата и бунтовниците, извести во саботата службената агенција SANA повикувајќи се на информирани извори.

„Сириската влада го одобри предлогот, и во Алепо ќе стапи на сила режимот на прекин огнот од хуманитарни причини“, рекол извор близок на владата во Дамаск.

Агенцијата прецизира дека договорот се однесува на прекинот на непријателствата на сите боишта меѓу владата и бунтовниците, а особено во вториот град по големина во земјата. Договорот, меѓу другото, демилитаризација на автопатот северно од Алепо преку кој се снабдуваат бунтовниците пред да ја заземат владините сили на 17-ти јули. Според договорот, по тој пат ќе се упатува хуманитарна помош Алепо.

Вашингтон би требало да ги убеди бунтовниците да се дистанцираат од џихадистичките групи во покраините Алепо и Идлиб, особено Џабхат Фарехал-Шам, Џебхат ан-Нусра сириското крило на Ал Каеда, за која досега имаше двоумења кај западните сојузници на сириската вооружена опозиција, која во неколку покраини соработува со исламистите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com