HomeАНТИСТРЕСШтосноДали сте знаеле дека разводот е заразен!?

Дали сте знаеле дека разводот е заразен!?

Половина од браковите во САД завршуваат со развод. Освен што е социјално прифатена норма, разводот всушност може да биде и заразен. Новото истражување од страна на универзитетите Браун, Сан Диего и Харвард укажува на тоа дека разводот преку социјалните мрежи се шири како настинка, односно вирус. Испитувањата вклучуваат податоци за приближно 5000 мажи и жени.

divorce (1)

 

Според нив, разводот се шири помеѓу пријатели и роднини, а луѓето што имаат разведен пријател имаат 147% повеќе шанси да се разведат, отколку луѓето кои немаат разведен пријател. Оние што имаат колега на работа кој е разведен, имаат 55% зголемен ризик да се разведат. Интересно е тоа колку влијанието на пријателите и роднините може да придонесе кон несаканата ситуација. Исто така, самата споредба на бројот на брачните парови со бројот на слободни луѓе, може да ги доведе брачните парови до размислување дека бракот е навистина институција во изумирање.

divorce_2089038b

Разводот како класичен вирус ја уништува традиционалната фамилијарна структура и односот родител – дете, со што влегува како вирус уште во раната возраст и ги наведува понатаму и тие да се разведуваат. Ова истражување е сеуште во тек и се потпира на претходните истражувања на авторите во врска со дебелината, пиењето, пушењето и среќата како социјални заразувачи.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com