HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДали ова е знак дека Лукаку заминува?!

Дали ова е знак дека Лукаку заминува?!

Евертон подготвува ново квалитетно засилување во шпицот на нападот. Роналд Куман ќе има доста пари на располагање, бидејќи „Карамелите“ добија нов сопственик. Амбициите на Евертон се големи, но прашање е дали се доволно „јаки“ како клуб за да ги задржат своите најдобри адути. Ромелу Лукаку е на мета на голем број на финансиски помоќни клубови од нив, односно би можело да се случи Белгиецот да замине и покрај желбата на Куман да го задржи во клубот.

Свесни за тоа, од управата на клубот тргнаа во „напад“ на фудбалер кој би можел да биде негова замена во нападот. Се свртеа кон Бордо и веруваат дека три милиони фунти ги делат од договор со францускиот клуб околу трансферот на Диего Ролан на „Гудисон“. „Карамелите“ испратиле понуда во висина од 15 милиони фунти, но Бордо бара три повеќе. Се очекува Евертон да ги прифати новите финансиски барања на францускиот клуб, па Уругваецот од следната сезона многу веројаатно ќе го гледаме во Премиер лигата.

Ролан кариерата ја започна во татковината, во редовите на Дефензор Спортинг, а од 2013 година е член на Бордо. Во дресот на францускиот прволигаш одигра 89 натпревари и постигна 24 погодоци. За репрезентацијата на Уругвај забележа 17 настапи во сениорскиот тим.

Rolan

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com