HomeФЕР ПЛЕЈТенисДали е ова крај на кариерата на Федерер?!

Дали е ова крај на кариерата на Федерер?!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја шокираше спортската јавност во вторникот со соопштението дека нема да игра до крајот на 2016 година. Иако во соопштението наведе дека му е потребен одмор за потполно да биде подготвен за 2017 година, сепак многумина шпекулираат дека еден од најголемите во историјата на тенисот би можел да стави крај на својата богата кариера.

Федерер веќе има закажан турнир во Штутгарт во 2017 година, а најавено и дека ќе ја дизајнира својата облека а US опен 2018 година, но после оваа година прашањето е уште колку останува од неговата кариера. Во текот на својата блескава кариера ретко се повредуваше, најмногу го мачеше гробот, но оваа година тоа се промени. Го повреди коленото после Австралијан Опен, заработи стомачен вирус, па нови проблеми со грбот. Федерер оваа година имаше повеќе проблеми со повредите отколку во текот на целата негова кариера.

federer

Оваа година одигра само седум турнири токму поради тие проблеми и 2016 година ќе биде прва после 2000 година во која нема освоено ниту еден трофеј. Поранешниот великан на тенисот Андре Агаси смета дека Федерер може сам да одлучи кога би требало да стави точка на својата кариера.

„Федерер е Федерер. Тој е единствен. Тој е магичен. Може да се повлече кога сака бидејќи и понатаму ќе биде Федерер. Може да ја донесе таа одлука без притисок“, вели поранешниот американски тенисер.

federer 1

На почетокот на август ќе наполни 35 години и можеби е вистинско прашање дали сака да продолжи да игра и кога нема да биде на самиот врв на светскиот тенис. Во секој случај, на една од најголемите светски тениски кариери и се ближи крајот, а овој спорт секако ќе биде многу посиромашен кога Федерер ќе одлучи да се повлече.

Во продолжение да се потсетиме на најдобрите моменти од кариерата на еден од најдобрите тенисери на денешницата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com