HomeАЈНШТАЈНИЈАДали гените влијаат на тоа колку сакаме кафе?

Дали гените влијаат на тоа колку сакаме кафе?

Нови истражувања покажуваат дека гените можат да имаат влијание на тоа како кафето влијае на нашиот организам и колку често сакаме да го конзумираме. Биле идентификувани дури шест варијации на кафе поврзани со потрошувачката на кафе. Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе можат да испијат и до литро кафе дневно, додека други пак се задоволуваат само со еден филџан? одговорот може лежи во нашите гени.

Ново истражување го анализирало генетскиот состав на жителите на неколку италијански села и ги анкетирале. Жителите кои одговориле дека конзумираат помалку од филџан кафе дневно ја имале варијантата на гени „ПДСС2“. За да ја проверат исправноста на тестирањето, научниците направиле слично истражување и во Холандија.

Влијанието на гените и таму се покажало на дело, иако нешто послабо, но треба да се земат во предвид и културолошките разлики, величината на садот од кој се пие кафе, врстата на кафе кое се пие во одредена земја и слично. Значи, како „ПДСС2“ прави некои луѓе цел ден да конзумираат кафе, додека други пак се задоволуваат со еден филџан?

Ваквиот генетски запис влијае на процесот на метаболизмот во организмот на тој начин што го успорува. Значи, колку повеќе време е потребно за кофеинот да се метаболизира- подолго ќе траат и неговите ефекти. Тоа се завршува така што поминува повеќе време меѓу два филџани кафе. Ваквите резултати одговараат и со оние објавени во списанието „Молекуларна психијатрија” кое идентификувало дури шест варијации на ген поврзани со потрошувачката на кафе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com