HomeДЕНЕШНАЕкономијаГрчка фирма ќе откупува македонски тутун

Грчка фирма ќе откупува македонски тутун

Грчката тутунска компанија за преработка на тутун „Секе”, е десеттата тутунска компанија која ќе врши откуп на тутун во земјава. Компанијата веќе обезбедила 4 хектари градежно земјиштево индустриската зона „Опени” кај Крушево каде планира изградба на преработувачки капацитет со 300 нови вработувања, во вредност од 4 милиони евра. Грчката фирма ќе окупува ориентален тутун и широколисната сорта тутун „Вирџинија”.

Цветан Трипуновски, директор на Државниот земјоделски инспекторат, по денешната средба со сопственикот на „Секе“, Александрос Контос, рече дека ова значи поголема конкуренција во самиот откуп на тутунот и посигурен пласман на македонските земјоделци во оваа реколта.

Годинашнава реколта тутун е 13.000 хектари, а се очекуваат околу 25.000 тони тутун со солиден квалитет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com