HomeДЕНЕШНАРегионГрција почна со депортацијата на илегалните мигранти во Турција

Грција почна со депортацијата на илегалните мигранти во Турција

Започна депортирањeто на мигрантите од Грција во Турција. Денес 131 мигрант беа пренесени со два брода од грчкиот остров Лезбос до Дикили во западна Турција. Во првите три дена од операцијата, европската агенција за заштита на границите, Фронтекс, најави дека планира да депортира околу 750 мигранти, во најголем дел од Пакистан и Авганистан, кои или не побарале азил или пак нивните барања биле.

Депортацијата ма мигрантите наиде на остра критика на активистите на човекови права, кои оценуваат дека договорот помеѓу ЕУ и Турција е незаконски и неетички и мора да биде променет. Во пристаништето на Лезбос се одржа и помал протест на активистите за човекови права, кои скандираа “не за депортациите” и “ЕУ засрами се”.

Од друга страна поплаки стигаат и од мигрантите кои велат дека не добиваат доволно информации за процедурата за доделување азил а дел од нив тврдат и дека воопшто не им било кажано дека може да бидат вратени назад во Турција.

Активистката за човекови права, Наташа Цангаридес вели дека тоа што не е го знаат е дали луѓето добиле правна заштита и фер процедура. Дали имале пристап до информациите, до правна помош како и правото да бараат азил.

Паралелно со депортациите на илегалните мигранти во Турција, ЕУ почна да ги прима на својата територија сириските бегалци, на кои им се признава правото на азил.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com