HomeДЕНЕШНАРегионГрција почна да транспортира мигранти, сообраќајот блокиран

Грција почна да транспортира мигранти, сообраќајот блокиран

Стартува реализацијата на планот меѓу ЕУ и Турција, што подразбира и враќање на бегалците од Грција во Турција. Веќе три дена автопатот од Солун до македонска граница е блокиран од бегалците кои одбиваат да се вратат. Први треба да бидат вратени 750 баратели на азил чија апликација била одбиена. Тие со помош на силите на Фронтекс треба да бидат транспортирани од грчкиот остров Лезбос во турското пристаниште Дикили.

Веќе е направен и распоредот за транспорт на неколку грчки и турски бродови. Во Грција има околу 30.000 бегалци. Бегалците од кампот Сехово (Идомени) веќе неколку дена го блокираат автопатот од Солун до македонска граница кај бензинската пумпа кај Поликастро. Патничките возила се пропуштаат, но не и камионите. Во прекин е и железничкиот сообраќај. Бегалците и мигрантите сакаат да го продолжат патот кон Германија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com