HomeДЕНЕШНАРегионГрција не се откажува, бара воена отштета од Германија

Грција не се откажува, бара воена отштета од Германија

Германската Влада денеска го отфрли најновото барање на Грција за воена отштета поради нацистичката окупација во Втора светска војна. Портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт истакна дека „ситуацијата е целосно јасна“, како и оти „Берлин повеќепати го соопштил ставот за прашањето за воена отштета“.

– Прашањето за германската воена отштета е завршено и правно и политички, наведе Зајберт.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот вети дека „ќе ги исцрпи сите економски, а по потреба и правни средства, за да ја обезбеди воената отштета“. Тој апелираше до Германија да почне преговори за тоа прашање. Грчкиот парламентарен одбор неодамна подготви извештај за воената отштета, чиј вкупен долг изнесува од 300 до 400 милијарди евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com