HomeДЕНЕШНАРегионГрција им ја „укина“ здравствената помош на џихадистите

Грција им ја „укина“ здравствената помош на џихадистите

Грчките власти во најголемото пристаниште во земјата, Пиреја заплениле поголема пратка со лекови против болки, откако биле информирани дека таа била наменета за припадници на Исламска држава, соопшти денеска Одделението за финансиски криминал на Грција.

Танјуг јавува дека повеќе од 26 милиони лекови се пронајдени во контејнер, деклариран дека соддржи текстилна стока, наведе одделението, додавајќи дека грчките власти добиле помош од американската Управа за сузбивање на наркотици (ДЕА).

Учесник во операцијата изјавил дека наркотиците биле испратени од Индија за Пиреја и дека со друг брод требало да бидат префрелни во Либија, пренесуваат американските медиуми. Грција, како што истакна, добила информација дека либиската компанија, која требало да ја добие пратката со лекови, служела како посредник за Исламска држава. Џихадистичката група, како што наведе, овие лекови ги користела за своите борци или ги продавала заради остварување профит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com