HomeДЕНЕШНАРегионГрција има рок од 24 часа да ги финализира мерките, во спротивно нема пари

Грција има рок од 24 часа да ги финализира мерките, во спротивно нема пари

Европските кредитори и дале на Грција рок од 24 часа да ги финализира последните мерки, што и се зададени од кредиторите, а кои се условот за почеток на процедурата за префрлање на новата транша од 7,5 милијарди евра од финансиската помош за земјата. Овој рок беше утврден синоќа на седница на Еврогрупата, информираат грчките електронски весници.

Прашањата што висат, а кои Атина треба да ги финализира во следните часови од рокот, се однесуваат на префрлање на пет отсто од акциите на државниот Телеком во Фондот за приватизација на државниот имот ТАИПЕД и на потпишувањето меморандум за концесија на стариот атински аеродром Елиникон.

-Грчките власти досега реализираа 95 отсто од промените, но не ги извршија сите промени, а некои од нив треба да се случат во следните часови, изјави еврокомесарот Пиер Московиси, изкажувајќи увереност дека Атина ќе ги исполни барањата на кредиторите.

Грчкото Министерството за финанси соопшти дека до денеска ќе бидат надминати сите нереализирани прашања и дека најверојатно траншата од 7,5 милијарди евра ќе биде префрлена до крајот на јуни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com