HomeДЕНЕШНАРегионГрција зачудена од изјавата на Коѕијас против вето за Македонија

Грција зачудена од изјавата на Коѕијас против вето за Македонија

Грчката јавност е зачудена по изјавата на Коѕијас, министерот за надворешни работи, против санкции или вето за Македонија. Коѕијас смета дека во Македонија има недостиг на демократски капацитет и токму затоа се шират внатрешните проблеми, а власта нема слух за правење компромис. Оправдувањето против ветото Коѕијас го објасни со случајот на Турција која беше блокирана во 1997 токму од Грција и таму развојот на демократските процеси е очаен.

– Овој дефицит се должи и на земјите-членки на Европската унија, кои себеси се нарекуваат пријатели на Македонија, членки кои ги „учат“лидерите на Македонија да не прават компромиси, бидејќи тие, овие земји-членки ќе и ги решат проблемите на ПЈРМ. Им кажав тогаш, минатата година, дека, за жал, преку начинот на кој се однесуваат со ПЈРМ и товарот го префрлаат на Грција, на крајот властите на нашиот сосед нема да бидат во позиција да направат домашни компромиси кои се неопходни за развојот на демократијата, е дел од изјавата на Коѕијас за новинарите во Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com