HomeДЕНЕШНАСветГрција: Запленето еден тон марихуана на глисер

Грција: Запленето еден тон марихуана на глисер

Грчките власти соопштиле денес дека соопштили речиси еден тон марихуана на гумен глисер напуштен после потера на запад од оваа земја. Грчката крајбрежна стража соопштила дека заплената се случила откако добиле дојава. Бродот на крајбрежната стража го пронашол глисерот и тргнал во потера по него, но единствениот човек кој се наоѓал во него успеал да дојде до плажата и да побегне пешки блиску до градот Месологнион во западна Грција.

Во соопштението стои дека на глисерот било пронајдено 920 килограми марихуана во пакети. Не е наведено од каде дошла дрогата ниту каде е упатена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com