HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Ќе ја одбраниме државата од специјалните напади на СДСМ

Груевски: Ќе ја одбраниме државата од специјалните напади на СДСМ

Никола Груевски на обраќањето 25-та годишна конференција на УМС ВМРО-ДПМНЕ испрати повеќе политички пораки контра опозицијата која ја обвини за водење на специјална војна против интересите на Македонија.

ums konferencija (3) (2)

СДСМ преку насилните протести и прави огромна штета на Македонија и се служи со специјални средства за нарушување на стабилноста и мирот. Опозицијата сака да ги ослаби позициите на државата и да ја оцрни пред меѓународната јавност, во ЕУ и НАТО институции. Тоа нема да им помине, народот нема да им дозволи да ја уништат Македонија и тоа ќе им го каже на изборите од кои СДСМ бегаат, беше главната порака на Груевски.

ums konferencija (2) (1)

Младинскиот лидер Владимир Нелоски потсети на сите проекти кои се спроведени во интернес за младите како бесплатен превоз за ученици и студенти, бесплатен железнички превоз во одредени денови за лица до 26 години и други бенефиции. Исто така порача дека УМС има веќе 55 илјади членови и тие ќе го зададат пресудниот удар на наредните избори.

ums konferencija (1) (1)

Партискиот митинг беше одбележат со стандардната партиска кореографија, автобуси и комбиниња носеа членови од другите градови за да ја наполнат салата „Јане Сандански“ при што беше блокиран сообраќајот во Аеродром. Исто така вообичаено доцнеа и највисоките партиски личности, Груевски го чекаа 20 минути, а министерката за култура по „бон-тон“ закасни цели 30 минути.

logo svastika

Големо внимание привлече и логото на УМС кое слави 25 години кое намерно или не потсетува на нацистичката свастика со превртен крст, што исто така собра голем број на негативни коментари на социјалните мрежи.

Присутните ги забавуваше групата ДНК, а раперот Панчо посочи дека порано членовите на УМС ги покажувале со прст за истите тие да станат министри и луѓе за почит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com