HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Три нови инвестиции во општина Кривогаштани

Груевски: Три нови инвестиции во општина Кривогаштани

Три нови инвестиции ќе се реализираат во наредниот период во општината Кривогаштани, кои само во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски. Новите инвестиции, како што нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се резултат на посветеноста на Владата и на градоначалникот на општина Кривогаштани за нејзин развој што, како што рече, биле препознаени и од страна на бизнис секторот.

Три нови инвестиции се на повидок во општина Кривогаштани. Едната е за преработка на земјоделски производи и е вредна околу 1,5 милион евра, втората инвестиција е исто така за преработка, но за суви и смрзнати земјоделски производи и е инвестиција вредна околу еден милион евра од наш иселеник кој потекнува од овој крај. Третата инвестиција е онаа на компанијата „Везешари“ која вкупно е вредна околу три милиони евра.

Многу е важно што овие три инвестиции заедно само оваа годинава ќе имаат околу три милиони евра инвестиција и околу 100 вработени.

– Тие ќе имаат многу повеќе вработени во наредните години кога ќе бидат комплетно завршени и кога ќе почнат да работат со полн капацитет. Веројатно ќе бидат неколку стотици. Дополнително ќе бидат ангажирани 100 или повеќе сезонски работници. За три до четири години од овие три инвестиции очекувам неколку стотици вработувања, можеби 300, 400 или можеби повеќе кои од најголем дел ќе бидат од оваа општина или од овој регион, истакна Груевски.

Додаде дека е добро што во индустриската зона во Прилеп која е соседна општина на општина Кривогаштани две фабрики, како што потенцира, се во длабока фаза на развој.

– Тоа е „Гентерм“ која што во моментов има 450 вработени, а според она што го објавија до крајот на годината ќе вработат вкупно 700 луѓе, што значи нови 250 работни места до крајот на годината. Кога инвестицијата целосно ќе биде завршена ќе се стаса до 2.000 вработувања, така што ќе аспробира голем дел од лицата кои се невработени, истакна Груевски.

Најави дека некаде до крајот на овој месец новата фабрика ќе биде завршена и пуштена во употреба, бидејќи постојните 450 вработени во моментов работат во помали простории.

Морам да напоменам дека минатата година ова компанија имаше вработувања, но малку имаа и отпуштања од работа. Сега поголем дел од тие што беа отпуштени се вратени на работа, а до крајот на годината не само што ќе бидат сите вратени, туку ќе има и неколку стотици повеќе вработени односно луѓе кои не биле таму на работа, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на село Крушеани во општина Кривогаштани.

Тој додаде дека во оваа индустриска зона втората фабрика е „Акомпласт“ која се надева до есен ќе биде завршена. Во моментов, рече, веќе се носат машините за фабриката.

– Таму ќе има додатни 150 за почеток вработувања, а подоцна можеби и повеќе, така што тоа се два крупнни каапцитети кои влеачт многу вработувања од Прилеп, но и од околните населени места. Така што и во општината Кривогаштани и во моментот и понатаму ќе има многу вработувања. Овде има голем број инвестиции кои ќе им помогнат на луѓето да се вработат, оние коишто биле невработени. Тоа е резултат на голем труд што го вложувавме во минатото кој сега доаѓа до израз и дава резултати, истакна Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com