HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски и Димитриев ги дадоа насоките за делување на терен

Груевски и Димитриев ги дадоа насоките за делување на терен

Премиерот Димитриев заедно со Никола Груевски ги посетија жителите на Стајковци кои беа најпогодени во вчерашното силно невреме и дадоа насоки како ќе се расчистува теренот и како ќе се ангажира помошта.

– Најважно беше денес да се спасат луѓето и да се расчистат главните сообраќајници, а утре ќе се чистат дворовите, ќе се вади вода и ќе се расчистуваат помалите улички, рече Груевски.

Груевски и Димитриев изјавија дека институциите ќе обезбедат повеќе механизација за санирање на штетите и последиците од катастрофалното невреме. Дополнителната градежна механизација вечерва ќе излезе на терен со цел расчистување на последиците од вчерашното невреме. На помош со градежна механизација се вклучуваат и голем број приватни градежни компании ангажирани преку градот Скопје и ДЗС.

Ќе се ангажираат волонтери кои од утре ќе излезат на терен со точни и конкретни насоки кои ќе се договорат на седницата, а за истите ќе биде обезбеден и алат. Ќе се испратат и вакум пумпи за испумпување на водата од поплавените дворови и куќи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com