HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Да се вработат стоте најдобри студенти за да им се помогне на младите

Груевски: Да се вработат стоте најдобри студенти за да им се помогне на младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе го предложи законското решение со кое ќе се воспостави можност за вработување на стоте најдобри студенти од државата со конкурс и бодување со цел да се задржат најквалитетните кадри.

– Овој проект беше еден од 40-те проекти коишто ги соопштив како нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои треба да им помогнат на младите, рече Груевски.

Најголем удел во вработувањето ќе има успехот постигнат во текот на студирањето и дополнителни активности поврзани со образованието. Законот веќе е подготвен од Владата и испратен до Собранието на Република Македонија и во следните две недели ќе влезе во процедура по што ќе се разгледаат сите детали.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com