HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГризман го сруши светскиот шампион, Франција е во финалето!

Гризман го сруши светскиот шампион, Франција е во финалето!

Двата погодоци на Антоан Гризман му пресудија на светскиот шампион. Франција во финалето ќе игра против Португалија во борба за третата европска титула. Пресудно беше играњето со рака на Швајнштајгер во последните секунди од првото полувреме, после кое се распадна играта на Германците.

Grizman 1

Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Франција после само пет минути игра. Гризман се најде на десетина метри од голот, добро шутираше, но Ноер со одлична реакција успеа да ја одбие топката и да спаси чист гол. А потоа после десетина минути фудбал се разбудија Германците. Прво Џан асистираше за Милер кој не ја зафати најдобро топката, а потоа Лорис беше на маки по ударот на Џан, но одлично интервенираше.

Германија во тие моменти беше подобриот ривал на теренот, сега Французите беа принудени да се бранат, Крос имаше добар продор, падна после дуелот со Погба, но Рицоли не ни помислуваше да покаже на белата точка.

germanija-francija

Паје после слободен удар биеше во рамките на голот, но тоа беше лесна задача за Лорис. Се играше одличен натпревар, кој комплетно ги задоволуваше критериумите на ова првенство, нешто подоцна Швајнштајгер пласираше една топка кон голот на Франција, но следеше нова добра проценка на Лорис.

После половина час игра, малку фалеше Милер да ја зафати топката на пет метри од голот на домаќините, Германија го стегна обрачот и делуваше многу подобро. Франција се обидуваше преку прекини да дојде до шанса, а од слободен удар Погба имаше шанса, но и тој удар беше лесен плен за Ноер.

francija-germanija 2

Во финишот на првото полувреме, конечно една добра акција на домаќинот, Евра направи добар продор, Гризман од тешка ситуација го погоди само надворешниот дел од мрежата. Конечно нешто од Французите, Жиру го доби дуелот со Боатенг, тргна кон голот на светскиот првак, но Хеведес со одличен старт го спаси својот гол.

Потоа следеше вистински шок, Рицоли буквално во последните секунди на второто полувреме покажа на белата точка, Швајнштајгер играше со рака, пенал за Гризман кој не промашува и го постигна својот петти погодок на првенството за водство на Франција која иако беше послаб ривал во првиот дел дојде до предност.

Svajsajger-raka

Германците бараа пенал во првиот дел, на крајот белата точка беше среќна за Французите. Во продолжението многу повеќе самодоверба покажа домаќинот, веднаш на самиот старт Жиру и Гризман му се заканија на Ноер, со што пропуштија прилики уште при самиот почеток на првиот дел да и пресудат на Германија.

Германија беше потполно немоќна во вториот дел. Се чинеше дека примениот гол имал големо влијание врз нив, никако не успеваа да го фатат посакуваниот ритам. Франција се бранеше и чекаше шанса. Таа дојде дваесет минути пред крајот, Кимик погреши Погба го измами Мустафи, центрираше, Ноер ја исфрли топката, но само до Гризман кој погоди за 2:0.

GRIZMAN 4

Светскиот шампион беше на работ од елиминација, Кимик погоди статива, а Германците немаа среќа во оваа средба. До крајот Мустафи и Хеведес пропуштија шанси со погодок да го вратат својот тим во живот, со што мрежата на Лорис остана „чиста“.

Во секој случај, играта со рака на Швајнштајгер се чини дека беше пресудна за овој натпревар, секако и феноменалниот Гризман кој се бори со Роналдо за титулата најдобар стрелец. Токму тие двајца фудбалери ќе ги предводат своите репрезентации во големото финале кое ќе се игра во недела со почеток од 21 часот на стадионот „Франција“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com