HomeДЕНЕШНАСветГранди смета дека Европа мора да се подготви за интеграција на мигрантите

Гранди смета дека Европа мора да се подготви за интеграција на мигрантите

Денеска високиот комесар на ОН задолжен за мигранти , Филипо Гранди, изјави дека Европа треба да ги зајакне напорите за интеграција на мигрантите од Сирија, Ирак и Авганистан. Според него во прашање е еден од најголемите предизвици.

Тој додаде дека е време да се вклучи ЕУ во расправата за прашањата за интеграција на мигрантите. Време е да се вклучиме во рационална дискусија, вон политиката, без никакви манипулации и без оние кои ова прашње го користат за добивање гласови, изјави Гранди.

Тој вели дека за интеграција на бегалците потребно е „повеќе размислување и повеќе средства“ и оти доколку интеграциите не се спроведат како што треба ќе се соочиме со ксенофобија, насилно одбивање и пропаганда против странци“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com