HomeДЕНЕШНАСкопјеГрад Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

Град Скопје ќе додели садници на урбани месни заедници и куќни совети

Град Скопје ќе им додели садници на сите заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници. Истите тие ќе бидат засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“. На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10  садници. Барањата може да бидат доставени од 4-ти  до 13-ти април 2016 година, а од 15 до 27 април субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници. Барањата се доставуваат до Секторот за комунални работи на Град Скопје. Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе девет години во две етапи, во пролет и есен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com