HomeДЕНЕШНАРегионГрабар-Китаровиќ сака предвремени избори на 11-ти септември

Грабар-Китаровиќ сака предвремени избори на 11-ти септември

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ синоќа изјави дека уште не донела одлука за датумот на предвремените избори, но е наклонета да ги закаже за 11 септември, пренесе агенцијата Хина.

– Изборите ќе ги свикам во рамки на предвидениот законски рок. Треба да почекам до 15 јули и тогаш ќе ги закажам изборите, веројатно за почетокот на септември. Се уште не сум одлучила за датумот, но наклонета сум да биде 11 септември, посочи Грабар Китаровиќ за телевизијата „N1“.

Таа изјави дека повеќе го претпочита 11 септември отколку 4 септември, затоа што на 5 септември учениците тргнуваат на училиште.

– Никој не сака да се занимава со политика во текот на летото. Никој не сака одморот да му биде зефатен со политички кампањи. Луѓето сакаат да се одморат од политиката, посочи хрватската претседателка.

Таа додаде дека сака да ги остави семејствата на 4 септември да си бидат со децата, пред тие да почнат со училиште следниот ден. Хрватскиот сабор минатиот месец и изгласа недоверба на Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ, а по консултациите со политичките партии претседателот на државата повика на распуштање на Парламентот и организирање предвремени избори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com