HomeДЕНЕШНАРегионГрабар Китаровиќ под истрага за злоупотреба на службената положба

Грабар Китаровиќ под истрага за злоупотреба на службената положба

Хрватската Комисија за утврдување на судир на интереси започна истрага против претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ под сомнеж за злоупотреба на службената положба, јави телевизијата Н1. Комисијата ја сомничи Грабар-Китаровиќ дека непотрошената сума од средствата за нејзината предизборна кампања што ги добила од државниот буџет, ги префрлила на сметка на нејзината Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Со ваквата постапка, според Комисијата, Грабар-Китаровиќ го прекршила принципот за неутрелност и непристрасност на шефот на дравата, Покрај ова, претседателката се товари и дека давала инструкции на ХДЗ за тоа кому и колку од овие средства да бидат поделени, со што според Комисијата, таа „остава впечаток на поврзаност на шефот на државата со една политичка партија“.

Хрватскиот весник „Нови Лист“ наведува дека станува збор за сума од вкупно 1.167.573,5 куни, односно 15.573,4 евра.
Коментирајќи ја ваквата иницијатива, Грабар-Китаровиќ нагласи дека работа на Комисијата е да ги проверува можните случаи на судир на интереси, а дека истрагите за злоупотреба на службената положба не се во нејзина наделжност.

„Со ваквата одлука Комисијата ги надмина своите надлежности и навлегува во сферата на политичка арбитража“, се наведува во соопштението на Кабинетот на хрватската претседателка

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com