HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГо нема Меси: УЕФА ги објави кандидатите за најдобар играч во Европа

Го нема Меси: УЕФА ги објави кандидатите за најдобар играч во Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на тројцата играчи кои се во трка за признанието најдобар фудбалер на Европа за сезоната 2015/2016. Аргентинецот првпат по подолго време не е номиниран меѓу тројцата најдобри фудбалери во Европа.

Како и во претходните години, новинари од сите 55 членки на УЕФА составија листа од пет најдобри играчи со тоа што првиот добиваше пет поени, вториот четири…

Се очекуваше Антоан Гризман, Кристијано Роналдо и Лионел Меси да бидат тројцата претенденти за оваа престижна награда, но сепак местото на Аргентинецот го обезбеди Герет Бејл, а тој заврши на петтото место.

Објавувањето на победникот се очекува да биде објавен за време на ждрепките во ЛШ, во Нион, кон крајот на месец август.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com