HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГо напушти Сајмон Кауел и потпиша повеќемилионски договор!

Го напушти Сајмон Кауел и потпиша повеќемилионски договор!

Членот на поранешниот британски бенд „One Direction“, Нијал Хоран, одлучи да ја напушти издавачката куќа „Syco“ на својот ментор Сајмон Кауел и потпиша нов музички договор со „Universal records“. Странските медиуми пренесуваат дека Сајмон Кауел ова го доживеал како голем шок, во однос на тоа дека со месеци преговарал со Хоран, сакајќи да склопат договор околу неговата соло кариера.

sajmon so one direction

Сајмон му понудил прилично голема сума на пари за да го убеди, но на крајот се чини дека понудата на „Universal records“ била побогата. „Се работи за милиони“, пренесуваат светските медиуми. Според овие извори, „Universal records“ навистина се потрудиле за пејачот да потпише договор со нив. Лоша вест за Сајмон Кауел, кој неодамна зборуваше за лојалноста на Хоран како и тоа дека наскоро ќе објават нешто заедно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com